Финалната битка во финалето на Копа Либертадорес помеѓу големите и лути ривали Ривер Плата и Бока Јуниорс ќе се одигра на 9 декември на стадинот „Сантијаго Бернабеу“ на кој своите мечеви ги игра актуелниот европски првак, Реал Мадрид.

Реванш натпреварот кој требаше да се одигра минатиот викенд се одложи поради инциденти кои воопшто не се поврзани со фудбалот. Симпатизерите на Ривер Плата со тврди предмети и солзавец го нападнаа клупскиот автобус на Бока Јунирос. Фудбалерите и стручниот штаб се здобија со повреди, а лекарскиот тим ја одложи битката најпрво во саботата, а потоа и во неделата.

Јужноамеричката фудбалска федерација мораше да донесе ваква поразителна одлука за аргентинскиот фудбал, бидејќи емоциите на симпатизерите ја надминаа границата помеѓу спортот и насилството.

Првиот меч одигран на стадионот од Бока заврши 2-2, а во финалето во Копа Либертадорес не игра улогата гол постигнат во гости.

OhridNews