– Европската унија за прв пат во историјата на Европа воведе стандард за минимално образование на туристичките водичи. Тоа е документ кој тежи кон изедначување на квалитетот во Европа според кој и земјите од Балканот ќе треба да ги ускладат своите образовни програми. Европскиот стандард предвидува минимум 600 школски часови обука за туристички водичи, од што 40% е пракса, вели, Антеа Глумец Барбир од Здружението на туристички водичи на Хрватска, каде веќе се вршат подготовки за примена на новините во едуцирање на туристичките водичи.
Во Македонија, за жал, се уште има случаи туристичките групи да ги водат нелиценцирани водичи кои фактите за културното и природното наследство ги заменуваат со измислени тези за да ги задоволат желбите на тие кои нелегално ги најмиле.
– Сакаме да се прекине водењето на нелиценцирани водичи, без оглед дали се тие странски или домашни водичи кои за подобар бакшиш го кажуваат она што сакаат да го слушнат одделени туристички групи, а не она што е фактографија за Македонија, вели Бранко Босилков, пртседател на Здружението на туристички водичи на Македонија.
Решението на проблемот лиценцираните водичи го гледаат во поголема контрола од страна на туристичката инспекција, која освен во Охрид со одреден капацитет, во другите делови од државата речиси и да не функционира.