На 3 откомври со супер дербито во Мадрид помеѓу Реал Мадрид и Фенербахче ќе започне новата сезона во најсилната кошаркарска лига на стариот континент.
Сезоната која доаѓа ќе настапуваат вкупно 18 екипи а како и претходната најдобрите осум екипи на табелата ќе изборат учество во нокаут фазата односно четвртфиналето кое се игра на три добиени натпревари.
Црвена Ѕвезда после една сезона пауза се враќа во елитата, а стандардни членови се кошаркарските игантите од Турција, Грција, Шпанија, Русија и Италија.
Минатата година титулата ја освои руска ЦСКА Москва. На хартија најголем фаворит за титулата е Барселона, но останува да видиме што ќе донесе новата сезона во Евролигата.
Двојки 1.рунда:
Химки – Макаби
Баерн Минхен – Армани Милано
Асвел – Олимпијакос
Реал Мадрид – Фенербахче
Жалгирис – Басконија
Анадолу Ефес – Барселона
Алба Берлин – Зенит
Панатинаикос – Црвена Ѕвезда
Валенсија – ЦСКА Москва
OhridNews