Извршниот директор на тренерскиот одбор на Евролигата Горан Шашиќ најави враќање на руските тимови во елитното европско кошаркарско натпреварување од следната сезона.
Неговата изјава за руски „Спорт експрес“ во целост ја пренесе српски “Блиц”.
Ако се сеќавате, ми го поставивте истото прашање пред една година и мојот одговор беше дека верувам дека санкциите ќе траат три години, како што беше случајот со Југославија. Дали следите што се случува во геополитиката во последните 48 часа? Многу сум убеден дека работите наскоро ќе се сменат.
Видовте дека на последниот состанок на Управниот одбор на Евролигата се зборуваше за проширување на лигата на 20 екипи. Па да ве прашам – што мислите дека е причината за ова? Да се направи простор за две руски екипи.
Мое мислење е дека тоа ќе бидат ЦСКА и Зенит. Уникс исто така заслужува место во Евролигата, но не гледам во првиот момент да има простор за три руски тима, но верувам дека во иднина Русија повторно ќе има три екипи. Во првата сезона очекувам тоа да бидат ЦСКА и Зенит. Треба да ја решиме оваа историска неправда и мислам дека долго чекавме. Ќе бидам многу среќен следната година да ги видам моите пријатели Андреас Пистиолис и Чави Пасквал повторно во Евролигата.
Горан Шашиќ
Руските кошаркарски клубови беа суспендирани од Евролигата по започнувањето на војната во Украина која се уште трае.
Г.М.