Дисциплинската комисија на Евролигата објави дека ќе поведе дисциплинска постапка против ЦСКА Москва и мерачот на време, кој направи неопростлив пропуст на мечот со Жалгирис на почетокот од последната минута од натпреварот.
Мерачот на време на 24 и 14 секунди им скрати пет секунди на гостите кои во тој момент имаа напад и три разлика предност на семафорот 84-81. Жалгирис го потроши времето и не успеа да постигне кош, а руските кошаркари го искористија „поклонот“ од мерачот на време постигнаа поени и после дополнителни пет минути го добија натпреварот.
Резултатот ќе остане ист и мечот нема да се преигра, но опомена пред исклучување ќе добие мерачот на време, кој не смееше да направи ваков кикс на меч со евролигашки карактер.
Голем пропуст во Евролигата, Жалгирис драстично оштетен (видео)
OhridNews