Екипата на Партизан 4та година по ред успева да обезбеди пласман во ТОП 16 фазата на кошаркарската Евролига.


Во синоќешниот натпревар во Белград, Партизан го декласира Лиетувос Ритас со 97-67, успеа да ја надокнади негативата од 22 коша од гостувањето во Вилниус, со што го обезбеди 3то место во Б групата.Најефикасен кај црно-белите беше плејмејкерот Александар Рашиќ, постигнувајќи 26 поени, од кои 6 тројки од 8 обиди, а свои момент имаше и американецот Лоренс Робертс кој придодаде 16 поени и 7 скока. Во втората четвртина Партизан остана без својот најдобар поеднинец, центарот Алекс Мариќ кој поради повреда остана на клупата до крајот на натпреварот. Но местото на Мариќ, МВП на Евролигата за месец Декември, беше успешно пополнето од вториот центар Славко Врањеш, кој одигра најдобра партија годинава со 13 поени, 9скока и 4 блокади. Кај Лиетувос Ритас  најефикасен беше српскиот интернационалец Бојан Поповиќ со 17 поени.
Бо групата А,Монтепаски Сиена ја декласираше екипата на Фенербахче Улкер со 101-58, во натпревар во кој сите играчи кај домаќинот се запишаа во листата на стрелците Кшиштоф Лавринович прикажа одлична игра за Сиена постигнувајќи 20 поени и 6 скока.Во последното коло од оваа група , екипите на Барселона и Монтепаски во директен дуел ќе решаваат за првото место.

Во Ц групата, Каха Лаборал го задржа првото место со победата над Маруси од 73-65. Мирза Телетовиќ беше најдобар кај домаќините со 15 поени и 7 скока.


Во Д групата рутински победи на Реал Мадрид и на Панатенаикос. Реал го совлада ЕВЕ Баскетс со 73-60, благодарение на одличната игра на стандардните Даријус Лавринович, Луис Булок, Римантас Каукенас и Новица Величковиќ. Панатенаикос пак, славеше против Ассец. Проком со 74-66. Најефикасни беа Мајк Батист и Ендру Николас со по 13 поени.

К.Д.