Кошаркарите на Црвена Ѕвезда се вратија во победнички колосек совладувајќи го составот на Химки на домашен терен со 90-78 (28-22, 22-19, 30-15, 10-22). „Црвено белите“, добија три од четирите квартали што беше сосема доволно за втора победа сезонава.

Црвена Ѕвезда разноврст во играта покажа уште во првата четвртина во која постигна 28 поени а прими 22. Разликата од шест поени на девет „скокна“ после дваесет минути игра.

Сите дилеми околу победникот во Белград беа решени во третиот период. Домашните кошаркари брилираа во нападот уфрлувајќи 30 кошеви а примија само 15 за убедливи 24 поени предност. Во последниот квартал русите ја намалија негативата за пристоен пораз.

Бориса Симаниќ со 18 кошеви беше најефикасен во тимот на Црвена Ѕвезда а по него следуваа Били Берон со 17 поени и Стратос Перпелоглу кој реализираше 15 поени. Во тимот на Химки затаи Алексис Швед кој уфрли 14 поени со катастрофален шут од 3/7 за два и 0/6 за три поени.

OhridNews