Кошаркарите на Црвена Ѕвезда го претрпеа вториот пораз сезонава во Евролигата, откако на домашен терен изгубија од литванскиот гигант Жалгирис со резултат 69-75.
„Црвено белите“ беа повеќе од рамноправен ривал и се до крајот на натпреварот имаа шанса за победа. На резултат 67-69 не реализираа напад, а на спротивната страна литванскиот претставник реализираше за зголемување на водството. Во финишот „зелените“ не погрешија од линијата за слободни фрлања, додека Црвена Ѕвезда притисната од времето имаше избрзани шутеви кои не завршија во целта.
Жалгирис со триумфот во Белград стигна до третиот триумф и со максимален ефект се искачи на врвот од табелата. Црвена Ѕвезда со скор 1-2 котира на средината од табелата.
Победа на гостински терен забележа и Анадолу Ефес, кој со 93-72 го совлада составот на Алба Берлин. Средбите Лион – Панатинаикос односно Басконија – Зенит се одложени поради позитивни случаи во екипата на коронавирусот.
Резултати:
Црвена Ѕвезда – Жалгирис (69-75)
Алба Берлин – Анадолу Ефес (72-93)
Лион – Панатинаикос (одложена)
Басконија – Зенит (одложена)
Валенсија – Барселона ()
OhridNews