Кошаркарите на Црвена Звезда славеа на гости против Партизан во вечното дерби што се одигра вечерва во белградска Арена во рамки на 24 коло од Евролигата.
Црвено-белите имаа водство во најголем дел од мечот кој беше израмнет и крајно неизвесен. При резултат 71:71, Браун наседна на финта на Недовиќ и на секунда до крајот направи прекршок за 3 поени. Шутерот на Црвена Звезда ги реализираше првите две, а намерно го промаши третото за важна победа.
Звезда му се реваншираше на Партизан за домашниот пораз во првиот дел од сезоната и сега има скор 14:10, додека Партизан има 12 победи и исто толку порази.
Во останатите мечеви вечерва:
Фенербахче-Виртус Болоња 95:81
Монако-Реал Мадрид 77:73
Олимпијакос-Анадолу Ефес 92:89
На табелата води Олимпијакос (17:7), следат Фенербахче (16:7), Монако (15:9), Париз (14:9), Панатинаикос (14:10), Црвена Звезда (14:10).
Идната седмица во Евролигата се играат две кола. Црвена Звезда го пречекува Асвел и и гостува на Алба, додека Партизан им гостува на Виртус Болоња и Монако.
Г.М.