Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан во вторник од лидерите на најголемите политички партии во земјава ќе побара што е можно поскоро изнаоѓање на решение за надминување на кризата.

„Комесарот на партиите ќе им ја потенцира итноста од изнаоѓање решение за надминување на моменталната криза што е можно поскоро и потребата да се решат клучните предизвици со кои што се соочува земјата“, изјавила портпаролката на Хан, Маја Коцијанчич.

На четвртата средба меѓу Груевски, Заев, Ахмети и Тачи нема да присуствува и тројката европарламентарци, Вајгл, Кукан и Ховит, кои беа дел од преговорите во Стразбур. Досегашните три претходни средби не донесоа конкретен напредок, бидејќи сите страни останаа на своите првични барања за разрешување на кризата.

OhridNews

Извор:„Макфакс“