Погодокот на Александар Струмоски за тимот на Охрид против Рудар во петтата рунда од Општинската фудбалска лига е одбран за најдобар гол во есенската полусезона во македонскиот фудбал.


Фудбалерот за врска на охридските бели маестрално со волеј удар ја погоди мрежата на гостите во триумфот (5-1) на Атина Бојаџи.


Во изборот на специјализираната страница за фудбал „MacedonianFootball.com“ се најдоа многу голови од Првата лига, но погодок на Струмоски им го украде шоуто.

Ohridnews