Екипата на Торино запиша нови три бодови на табелата во Серија А, откако во првиот меч од осматата рунда пред своите гледачи со 3-2 го совлада тимот на Фросиноне.
Домашните фудбалери имаа водство 2-0, но гостите со два погодоци резултатски се вратија во игра за поволен резултат. Сепак, последнито збор на мечот го кажа Беренгер кој со „еврогол“ погоди за 3-2 и конечна победа за својата екипа.
Со трите бодови Торино се зацврсти на средината од табелата, додека Фросиноне останува со еден освоен бод на претпоследната позиција во калчолигата.
OhridNews