Охридската фудбалска школа „Еврофудбал“ неодамна потпиша меморандум за соработка со најтрофејниот клуб во Македонија, Вардар.
Надежните фудбалери од охридската фудбалска школа во иднина ќе бидат отстапени на Вардар, кој има соработка со фудбалски школи од цела држава.
– Потпишувањето на договорот за соработка со Вардар е мотив повеќе за нас тренерите и играчите секако. Ова е доказ дека работиме добро и оти нашиот квалитет го препознаа луѓето во Вардар. – рече Аце Велјаноски тренер во Еврофудбал.
„Еврофудбал“ пред скаути од „црвено црните“ одигра неколку контролни натпревари со екипите од Скопје и Ресен.
Мх.П.