Фудбалската школа Еврофудбал е една од најстарите во градот Охрид и е вистински извозник на квалитетни фудбалери. Натпреварите од Детската фудбалска лига на дечињата им се овозможува повеќе искуство и уште од мали нозе да го „совладаат“ фудбалот.

– Сите добиваат од натпреварите во Детската фудбалска, а најмногу дечињата бидејќи покрај тоа што ќе се ангажирани преку цела недела ќе имаат и здрав живот што е реткост денеска. Стравот, кој е можеби најголем противник на дечињата на стартот од кариерите ќе го совладаа уште од мали нозе – велат од школата.

Мотото на „европската фудбалска“ школа е работа и само работа оти само така се добива посакуваниот резултат.

– На тренингот се се учи и воигрува, а на натпреварите само се прикажува. Затоа на тренинзите мора напорно да се работи, а на теренот да се ужива – дополнуваат од школата.

Во две (2001 и 2003 година) од пет генерации „европјанините“ ќе атакуваат на првото место кое води во разигрувањето за шампион на Македонија.

Мх.П.