Охридската фудбалска школа Еврофудбал го освои првото место на турнирот во голем фудбал организиран од Јавното Претпријатие „Билјанини Извори“ за дечиња од 2001 година и помали.
Во финалето на „Атина Бојаџи“ „сините“ со чисти 3-0 го совладаа тимот на Караорман. Третата позиција му припадна на фудбалската Академија Пандев.
Ј.П. „Билјанини Извори“ спортската недела ќе ја заокружи викендов со ракометен турнир во машка и женска конкуренција.
Мх.П.