Екипата на Еврофудбал триумфираше на детскиот турнир во мал фудбал во генерацијата 2002 година кој се играше во спортскиот центар „Климент Колески“.

Во финалето од тридневниот турнир фудбалерите на Еврофудбал го совлада тимот на Талент од Битола со 2-0.


Бронзениот медал му припадна на Фер Плеј, кој во малото финале славеше победа над тимот на Академија Пандев.


За најдобар играч беше прогласен Дамјан Ќосески од Еврофудбал, најдодбар стрелец е Никола Димитриовски од Тотал Фудбал додека Дејан Спасески од Академија Пандев беше најмлад учесник со само пет години.

Мх.П.