Континенталниот собир на најдобрите кошаркарски репрезентации од Европа наместо во 2021 година ќе се одржи во 2022 година.

Ваквата одлука на ФИБА е очекува, откако Олимписките игри кои требаше да се одржат годинава се одложени за следната година поради пандемијата на коронавирусот. ФИБА донесе одлука квалификациските натпревари за Олимписки да одржат од 22 јуни до 4 јули следната година.

Евробаскетот 2022 година ќе се одржи во четири земји (Чешка, Грузија, Италија и Германиј) од 1 до 18 септември. Титулата на Европското првенство ќе ја брани селекцијата на Словенија.

OhridNews