Именувањето на Соренсен, како што соопштуваат од канцеларијата на Ештон, доаѓа во значајно време за Босна и Херцеговина и западниот Балкан.
„Не можам да помислам на никој поквалификуван за превземање на функцијата Шеф на Делегацијата. Би сакала и да оддадам признание за добро сработената работа од страна на Питер во Скопје“, се вели во писмената изјава на Ештон.
Соренсен пред три месеци го замени Ирецот Ерван Фуере на функцијата шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија.
извор: Makfaks