Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Н.Е Давид Гир, во понеделник, 3 април, ќе биде во целодневна работна посета на Општина Дебрца.

За време на посетата покрај работна средба со градоначалникот Ногачески и членовите на Совет на Општина Дебрца, предвидено е и посета и промоција на претходно реализираните проекти кои се поддржани од страна на Европскат Унија, информираат од Општината.

Во попладневните часови, додаваат, амбасадорот предвидено е да оствари и непосредни средби со НВО и граѓаните на Општина Дебрца.

OhridNews