Во исклучително набиената агенда деновиве, амбасадорот на Европската унија во Македонија, Ерван Фуере, викендов „украде“ неколку часа за полнење батерии во Охрид.

Тој вчера во тренд-кафулето „Мецо Форте“  се сретна со  дел од охридските новинари со кои редовно пријателува во реткото слободно време. Неслужбената кафе средба мина во опуштена атмосфера и неформален разговор.


Евроамбасадорот Фуере на кафе средба со охридските новинари во „Мецо Форте“

Евроамбасадорот Фуере вчера попладне требаше да присуствува на средба со родителите и учениците на средношколците Македонци во Струга за изнаоѓање решение за три неделниот бојкот на наставата, по што се враќа за Скопје каде деновиве ќе има интензивна диполоматска активност и средби со лидерите на политичките партии во врска со пост-букурешките случувања.

ohridnews