„Охридски комуналец“ е прво комунално претпријатие во Македонија  кое само изработи Програма за управување со комуналниот отпад која што има регионални размери.

„Целата програма ја изработи менаџерскиот тим на претпријатието без да предвидува посебни финансии за тоа, како што е случај со останатите општини“ вели директорот Боро Павлоски.

Тој додава дека на свечената прослава по повод патрониот празник, и евроамбасадорот Ерван Фуере ветил поддршка на претпријатието преку ИПА 3 фондот. „Се работи за важен документ во кој прецизно се наведени нашите активности и со кој ќе се обратиме за помош и кај странските амбасади во Македонија“ , дециден е Павлоски.

По повод патронатот на „Охридски комуналец“ им беше доделена благодарница на сите медиуми во Охрид, кои како што кажа директорот играат важна улога во работењето на претпријатието. Не изостанаа и наградите за вработените со 25 години и 10 години континуиран стаж.

„Во оваа исклучително тешка година на работење во која не следат секојдневно зголемување на цените на сировините, нашиот менаџерски тим заедно со вработените  постигнаа максимално  позитивни резултати преку намалувањето на трошоците од аспект на сите ресурси, а при тоа паролата „Чистота е гордост на нашиот град“ ја преточивме во вистина и секојдневна обврска“, вели Павлоски.

Ohridnews