По денес одржаната средба на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, предводени од евроамбасадорот Аиво Орав со премиерот Никола Груевски, тие со апел до политичарите навремено и со добра волја да ги исполнат своите ветувања.

„Имавме состанок со премиерот Груевски, овој состанок беше одамна планиран и вакви состаноци ќе имаме и со остантатите лидери Заев, Ахмети и Тачи наскоро. Со премиерот разговараме за начините со кои може да се излезе од моменталната политичка криза и нашата клучна порака е дека е важно да се стават интересите на граѓаните и земјата над оние на политичарите. Ги поздравуваме конструктивните разговори кои вчера ги имаа политичките лидери со посредство на еврокомесарот Хан“, изјави Орав по средбата на амбасадорите со премиерот Груевски.

Орав додаде дека амбасадорите од Груевски ги слушнале неговите гледишта околу тоа како тој планира да се справи со прашањата од областа на владеењето на правото и на враќањето на довербата во институциите.

„Ги повикуваме сите релеватни актери ги исполнат своите обврски навремено и со добра волја, за да се најде одржлив начин за излез од кризата“, заклучи Орав.

OhridNews

извор Макфакс