Турција е последниот четвртфиналист на Европското фудбалско првенство, откако вечерва во Лајпциг ја совлада Австрија со 2-1 (1-0).

Во еден од највозбудливите осминафинални дуели на ЕВРО2024, Турција дојде во водство по само 60 секунди со голот на Демирал, а истиот играч беше прецизен и во 59 минута за водство од 2-0.

Грегорич во 66 минута ја намали негативата на Австрија и го однесе натпреварот во неизвесна завршница, но Турција одолеа на силните австриски напади и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри репрезентации,

Водечкиот гол на Демирал воедно е најбрз во групната фаза во историјата на Европските првенства.

Претходно Холандија со 3:0 ја совлада Романија и избори пласман помеѓу осумте најдобри. Стрелци на головите за „лалињата“ беше Гакпо
во 20 минута, кој во 83 минута му асистираше на Мален за удвојување на предноста. Мален стави точка на победата на Холандија со својот втор гол на натпреварот во судиското продолжение.

Четвртфиналните двојки се:

Португалија – Франција

Англија – Швајцарија

Шпанија – Германија

Холандија – Турција

Г.М.