Фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во полуфиналето на ЕВРО2024 совладувајќи ја вечерва Швајцарија на пенали со 5-3, откако четвртфиналната пресметка во Дизелдорф во регуларниот дел и по двете продолженија заврши нерешено 1-1.

Швајцарија поведе во 75 минута со голот на Емболо, но само пет минути подоцна Сака донесе израмнување на резултатот.

Откако во двете продолженија мрежите мируваа, третиот полуфиналист на ЕВРО2024 го одлучи пенал серијата во која Англичаните ги реализираа сите пет удари од белата точка, а Пикфорд го одбрани ударот на Аканџи и ја однесе Англија во полуфиналето.

Противник на составот на Герет Саутгејт за место во финалето ќе биде победникот од вечерашниот четвртфинален дуел меѓу Холандија и Турција.

Првата полуфинална двојка вчера ја комплетираа Шпанија и Франција.

OhridNews

Фото: УЕФА ЕВРО2024/МИА