Женската фудбалска репрезентација на Франција избори пласман во полуфиналето на Европското првенство, откако синоќа во четвртфиналето во Ротерам триумфираше по продолженија над Холандија со 1-0.
Голот на одлука го постигна Ив Перисе во 102. минута од пенал.
Франција во полуфиналето на 27. јули ќе игра против Германија, додека во второто полуфинале, домаќинот на ЕВРО2022, Англија, ќе ги одмери силите против Шведска.
Финалето е на програмата на 31 јули на „Вембли“ во Лондон.
OhridNews