Во второто коло од ракометната Лига на Шампиони, во Ц групата, македонскиот шамион Вардар Про одигра 28:28 (10-16) на теренот на фаворизираниот тим на Кроација.Нашите ракометари беа во водство од почетокот на мечот до пет минути пред крајот на натпреварот, но сепак не успеаа со полн плен да се вратат од гостувањето во Хрватска. На моменти водството на избраниците на Веселин Вујовиќ изнесуваше и до 6 гола разлика, но клучни на натпреварот беа деветте минути по истекот на 48-та во кои Вардарци не постигнаа ниту еден гол.Со головите на Мојскоски и Ракчевиќ стигнаа до огромен бод.

Во другиот меч од нашата група Шафхаузен го изненади Адемар Леон играјќи нерешено 29:29.

По победата над Шафхаузен во првото коло од ЛШ, Вардар Про заедно со Адемар Леон е на делба на првото и вторто место во групата Ц со по 3 освоени бода.
Во среда Вардар Про во натпревар од трето коло од Лигата на Шампионите ќе му гостува на Адемар Леон.

Металург – Строволос 31- 18
Металург  ја оствари целта : елиминиран е кипарски Строволос, а скопјани ќе играат во 3. коло на Купот на ЕХФ. Победата пред домашна публика од 31-18 (11-6) ја покажува надмоќта на домаќинот, кој само потврди оти поразот од 5 гола во првиот меч бил моментна слабост. Металург ќе мора да мине уште едно коло во Купот на ЕХФ ако сака да „презими“ во Европа и да продолжи со натпреварите во февруари в година.Овојпат задачата ќе биде потешка, зашто на утрешната ждрепка во Виена, нашиот Металург ќе биде во послаборангираниот барабан и за противник ќе добие екипа што досега беше слободна и со подобар рејтинг.

Екипата на Пелистер очекувано е елиминирана од Купот на националните куп-победници откако двапати беа поразени со двоцифрена разлика од Мили Пјанго, 22-36 и 23-37 Поранешниот финалист во купот Челинџ и полуфиналист на КПК, на гостувањето замина со автобус, па по 24-часовното патувањето, играчите имаа малку време за приспособување. Поради беспарица, битолчани се решија двете средби да ги играат во Анкара

Ракометарките на Кале Кичево беа поразени и во вториот натпревар од Купот на ЕХФ.По поразот на домашен терен реваншот беше само формалност ,Со 29-21 французинките си обезбедија пласман во наредната фаза во ова натпреварување .

                                                                                                                               Мирко Постоловски