По минатиот црн викенд во кој четирите македонски преставници претрпеа порази ,викендов не очекува уште еден меѓународен викенд за македонскиот ракомет.

Македонскиот шампион Вардар Про патува во Швајцарија на одлучувачкото гостување во групата кај Кадети Шафхаузен.На првиот натпревар во Кале Вардар минимално ги совлада Кадети со 27-26 .

Дербито во нашата Ц група се игра во Загреб каде Кроација ке игра против шпанскиот Адемар Леон.

По смената на кормилото и отказот на Драган Нишевиќ , Кометал ЃП го назначи Љупчо Савески за нов кормилар и селектор на македонската репрезентација. Огненото крштевање Савески ке го има кај европскиот вицешампион Лада Тољати .

И покрај тоа што не постигнуваме бог знае какви резултати, добро е што не има во ракометниот свет. Сигруно не е мала работа да се игра во ракометната лига на шампиони .

Викендов Металург продолжува со настапите во Купот на ЕХФ. В недела во Скопје доаѓа Савехоф од Шведска.Натпреварот се игра во Недела, 17:45 .

Екипата на Преспа од Ресен ги почнува своите натпревари во Челенџ купот. Нивни прв противник е екипата на Мославина од Кутина, Хрватска.Натпреварот се игра во Сабота 17:30