Една победа и три порази е билансот на македонските преставници во ракометните европкупови.

Единствено Металург  кој настапува во ЕХФ купот ја спаси честа совладувајки го Шведскиот Савехов со 22-18.

Вардар Про во меч од петото коло во машка конкуренција загуби на гостувањето против Шафхаузен со 36:30 Црвено-црните теоретски се уште не се елиминирани од трката за 3. место, што води во КПК.

Четврти пораз во Лигата на шампионите доживеаа и ракометарките на Кометал ЃП и сега без ниту еден бод се заковани на дното на табелата. Во четвртото коло Кометал ЃП загуби на гостувањето во Русија, против Лада Тољати со 27:24 и има минимални шанси за пласман во Купот на победниците на куповите .

Пораз во првиот настап во Челенџ купот во машка конкуренција доживеа и Преспа. Нашиот претставник на гостувањето во Кутина против Мославина загуби со 45:27.