Нова банкнота од пет евра со подобра заштита од фалсификување и на која првпат зборот „евро“ ќе биде испишан и на кирилица, објави Европската централна банка (ЕЦБ), пренесува „Макфакс“.

Единствена држава која користи кирилица во Европската унија (ЕУ) е Бугарија, но таа не е членка на еврозоната, поради што испишувањето на зборот „евро“ на кирилица се толкува како сигнал на доверба на ЕЦБ за идното проширување на еврозоната.

Бугарска народна банка оцени дека станува збор за историски чин што кирилицата влегува во употреба во еврозоната и се проширува влијанието на еврото како глобална валута.

„Така повеќе од над 200 милиони луѓе на светот што ја користат кирилицата, меѓу кои се и жителите на Бугарија, како членка на Европската унија, ќе можат на своето национално писмо да го прочитаат текстот напишан на банкнотата“, соопшти БНБ.

Новата банкнота, која денеска ја претстави претседателот на ЕЦБ, Марио Драги ќе влезе во оптек на 2 мај 2013 година.

OhridNews
извор:„Макфакс“