Кошаркарите на Струмица вечерва (18:30 ч.) во Загреб ја имаат премиерата на евро – кошаркарската сцена. Конечно, по подолга пауза, една македонска екипа се враќа во кошаркарските евро-купови. Струмичани како актуелен шампион на нашата земја, денеска против екипата на Цедевита во Загреб ќе го одиграат премиерниот меч од ФИБА Евро-купот.
Цедевита годинава е една од најамбициозните екипи во Хрватска но ни од далеку не е во рангот на Цибона или Сплит , Струмица и македонската кошарка токму на овие средби ќе можат да го видат својот вистински квалитет во моментов.Салата, во која играат како домаќини, „Сутинска Врела“ во периферијата на Загреб, има капацитет од 2.000 седишта.