Без голови завршија двата последни натпревара од Ц-групата на Европското фудбалско првенство 2024 одиграни вечерва.

Резултати:
Данска – Србија 0:0
Англија – Словенија 0:0.

Овие резултати најмногу им одговараа на Словенија и на Данска кои успеаја да изборат учество во плејофот, додека за Србија заврши Европското првенство.

Табела: Англија 5 бодови, Данска 3, Словенија 3, Србија 2.

Репрезентацијата на Австрија ја победи Холандија со 3:2 вечерва во натпревар од 3. коло во групата Д.

Головите за Австрија ги постигнаа Дониел Мален (автогол), Романо Шмид и Марсел Сабицер. За Холанѓаните погодија Коди Гакпо и Мемфис Депај.

На другиот натпревар од последното коло во Д-групата, Франција и Полска одиграа нерешено 1:1.

По овие резултати, Австрија заврши на првото место во поредокот со шест бодови, Франција е втора со 5, Холандија од третото место оди во осминафиналето, Полска е последна со само еден бод и остана без учество во плејофот.

OhridNews