Приватната ТВ-компанија со национална концесија „Алсат М“ ја доби трката за да ги пренесува во Македонија натпреварите од претстојното ЕП во фудбал (7 до 29 јуни, Швајцарија и Австрија). „Алсат М“ договорот за откупување на ТВ-правата го постигна со застапниците на УЕФА.
Приватната Алсат – М на својата програма ги емитува натпреварите од германската Бундес Лига и Францускиот шампионат. Во соработка со спортското радио 90,3 коментарот се емитува и на македонскит јазик. Ваквата пракса оечкува да се примени и за време на Европското Првенство.
Минатата година на овај принцип љубителите на фудбалот можеа да ги следат натпреварите од Копа Америка.