Новата 2008 година први ќе пречекаат жителите на тихоокеанските острови и земјите на далечниот Исток, а последни неколку часови по нив жителите на западниот брег на САД и Аљаска.
Но, не сите вечер ќе го прослават почетокот на 2008 година. Многубројна популација луѓе времето и Новата година ги бележат според свои календари кои имаат корени во нивната етничка и религиозна историја. Таков е случајот со Евреите, Кинезите, Индусите и Муслиманите, како и со повеќе други помали етнички и религиозни заедници.
Така во 2008 година, Евреите ќе ја прослават нивната 5769 нова година, Кинезите 4706, Индусите 2065, а Муслиманите 1429 и 1430 нова година.
ohridnews