ЕВН Македонија почна да го применува новиот процес на нови приклучоци. Процесот е променет со цел да се овозможи поголема транспарентност, информираност и задоволство од услугата кај нашите корисници.
Со овој нов процес се обезбедува и квалитетно долгорочно планирање на мрежа во корист на сегашните и идните корисници, се скратува времето на процесирање и реализација на новите приклучоци, а се зголемува транспарентноста при комуникацијата со корисниците кои ќе бидат информирани во секој клучен момент од статусот на нивното барање. Нивото на дадената услуга континуирано ќе се мери преку повеќе методи за истражување.
Новиот процес за нови приклучоци е дел од подготовките на ЕВН Македонија за претстојниот процес на либерализацијата на пазарот, соопштуваат од компанијата.
OhridNews