Околу полноќ, делови од Охрид останаа без електрична енергија.  Потполн мрак на кратко завладеа во градот и на најпрометната сообраќајница бул. „Туристичка“.

Последниот е само уште еден испад на електро системот во низа во Охрид. Причината за честите прекини во снабдувањето со електрична енергија според вработени во подружницата на ЕВН се должи на застареност и преоптовареност на дел од системот. Најголемиот инцидент се случи на дочекот на Нова година кога делови од градот останаа без електрична енергија до доцна во ноќта. Оттогаш наваму се случија повеќе помали и поголеми прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Ohridnews