Со цел подобрување на своите услуги, ЕВН Македонија воведе  “инфо кутии”  за повратна информација од потрошувачите. На овој начин, на потрошувачите им се нуди можност за искажување на нивното задоволство, односно незадоволство, нивните мислења и идеи, коментари и предлози,  како и нивните очекувања од ЕВН Македонија, соопшти компанијата.

Инфо кутиите се поставени во сите19 Кориснички енерго центри (КЕЦ-ови) на ЕВН Македонија.Потрошувачите се важен извор на информации како една компанија треба да работи и како да ги подобри своите услуги, велат од ЕВН, посочувајќи дека резултатите од анкетата сериозно ќе бидат земени во предвид.

Ohridnews