На саемот за вработување и пракса – „Контакт“ кој се одржува на Технолошко-Металуршкиот Факултет во Скопје, ЕВН Македонија ги презентира отворените програми за практикантска работа и за вработување млади и стручни кадри „Trainees 2015“.

Како и секогаш интересот на студентите е голем за програмите кои им ги овозможува ЕВН Македонија, бидејќи компанијата е веќе препознаена како сигурен и отворен партнер за соработка и развој на кариерата на младите и стручни кадри.

-Програмите се атрактивни и заинтересираните ќе можат да се пријават за посетување практикантска работа до 31-ви мај 2015 година на [email protected], а за „Trainees 2015“ до 30-ти април 2015 година на [email protected] . Минатата година практикантска работа во ЕВН посетувале 57 студенти, 23 беа дел од „Trainees“ програмата. Во моментот ЕВН Македонија стипендира вкупно 14 студенти, информираат од компанијата.

Оттаму потенцираат дека ЕВН Македонија и натаму ќе остане доследна на своите определби да го подржува образовниот процес во земјава и да биде вистинското место каде младите ќе се дообразуваат, остручуваат и ќе ја градат својата професионална кариера.

OhridNews