Надзорниот одбор на Меѓународниот аеродром Виена неодамна го назначи актуелниот Главен извршен директор на EVN Македонија Холдинг, д-р Гинтер Офнер, за нов Главен финансов директор на Меѓународниот аеродром Виена, компанија која котира на Австриската берза.
По повеќе од пет години на кормилото на EVN Македонија Холдинг, на почетокот на септември 2011 д-р Гинтер Офнер го завршува својот мандат во име на EVN во Македонија и се враќа во Австрија за извршување на новата функција.
Со одлука на EVN АГ актуелниот член на УО на EVN Македонија Холдинг, дипл. инж. Јоханес Раиндл, се назначува за нов Главен извршен директор.
“Благодарни сме дека со своето искуство и посветеност на Македонија и нејзините граѓани Гинтер Офнер даде придонес кон успешната трансформација на ЕVN Македонија и кон позитивните односи кои EVN како австриска компанија би можела да ги изгради со македонското општество. Дури и во најтешките ситуации тој никогаш не го изгуби оптимизмот и посветеноста да ја направи EVN Македонија успешна приказна како за EVN така и за Македонија,” изјави м-р Штефан Шишковиц, член на Управниот одбор на EVN АГ. ” Убеден сум дека Јоханес Раиндл, кој има долгогодишно искуство во енергетиката и менаџментот со дистрибутивни мрежи за електрична енергија, успешно ќе ја продолжи неговата работа”, посочи Шишковиц.