Сите корисници од тетовскиот регион погоден од невремето имаат стабилно напојување со електрича енергија, информираат од ЕВН.

-Екипите на ЕВН Македонија успееа ги санираат сите дефектите. Надминат е проблемот и со најакритична трансформаторската станица во с. Шипковица која беше целата под наносот од кал, камења и шут. Екипите на ЕВН Македонија и понатаму ќе останат на терен во случај да има потреба од понатамошни интервенции. – велат од ЕВН.

Покрај интензивните напори на екипите на ЕВН Македонија за отстранување на дефектите и санирање на мрежата во тетовскиот регион, компанијата ќе се вклучи и во донаторската акција на Црвениот Крст за помош на населението од најпогодените подрачја.

Во следните денови, со помош на Црвениот Крст, ЕВН Македонија на жителите од тетовскиот регион, покрај вода за пиење ќе им достави средства за чистење и дезинфекција, неопходни за нивно повторно враќање во поплавените домови, стои во соопштението.

OhridNews