Корисниците кои што ги добиле сметките на истата дата, на која истекува рокот за плаќање, или порано или подоцна од крајниот рок нема да бидат оштетени бидејќи ЕВН Македонија им дава уште 7 дена за плаќање на фактурата без да наплатува камата.
Ова е со цел продолжување на коректниот и заемен однос на компанијата со корисниците, како и со оглед на тоа што овој месец е транзициски, кога се направи премин од стариот во новиот наплатен систем- стои на интернет страницата на оваа компанија.