Во изминатите 24 часа, во земјава, се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Евидентираните нови случаи по градови се: во Скопје 20 нови случаи, во Куманово 3, во Велес 3, во Прилеп 2 случаи и еден во Дебар.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица.

OhridNews