Победникот на Охридскиот пливачки маратон, Евгениј Поп Ацев ја освои шампионската титула во маратонското пливање на отворени води во организација на ФИНА.


Титулата македонскиот маратонец ја осигура со второто место на маратонот во Капри кој беше и последен за оваа сезона. Пред него прв на целта стигна Дамјан Блаум од Аргентина, но нашиот маратонец ја задржа предноста.

Клучниот исчекор кон титулата Поп Ацев го направи во Охрид кога во неизвесна трка триумфираше пред Блаум кој подоцна беше дисквалификуван, Матеус Евангелиста од Бразил и Томи Стефаноски.

Ohridnews