Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев заврши на 13-та позиција на 25 километарската трка на Светското првенство кое се одржува во Гванжу, Јужна Кореја.
Делницата од 25 километри Поп Ацев ја помина за 4 часа, 54 минути и 39 секунди што не беше доволно за место помеѓу десетте најдобри пливачи.
Со златниот медал на далечинската трка се закити францускиот пливач Аксел Рејмонд, кој во 2013 со рекорд на патеката триумфираше на Охридскиот пливачки маратон.
Од минатата година и маратонот во Охрид е во должина од 25 километри и ќе се одржи на 24 август.
OhridNews