Со македонскиот маратонец разговаравме на попладневниот тренинг пред хотелот Метропол. Евгениј Поп Ацев вели дека не е во најидеална форма, но се надева на добар пласман на 37 Охридски пливачки маратон што ќе се одржи на 31 август на Охридското Езеро.
Евгениј Поп Ацев очекува добар резултат на Охридскиот пливачки маратон
На патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри оваа година ќе пливаат вкупно 19 матаонци од кои 11 во машка и 8 во женска категорија.
Покрај домашните пливачи, на маратонот ќе учествуваат и пливачи од Франција, Холандија, Бразил, Хрватска, Аргентина, Данска, Турција и Косово. Оваа година маратонската трка е дел од престижната „LEN World Aquatics“.
Г.М.