Зголемувањето на бројот на новозаразени членови од коронавирусот во Манчестер Сити го одложи дербито со Евертон на „Гудисон Парк“, во рамките од 15-та рунда во Премиер лигата. „Карамелите“, го прифатија одложувањето и порачаа дека секогаш на прво место ќе стават здравјето на фудбалерите, стручниот штаб и логистиката, но посакуваат да го видат официјалниот документ кој клубот од „Етихад“ го испратил до англиската фудбалска федерација.
Фудбалскиот клуб Евертон жали за одложувањето, не само поради 2 000 навивачите кои ќе беа присутни на стадионот, туку за навивачите ширум светот. Нашите играчи беа подготвени, како и сите на стадионот, но дојде до одложување, кое ние веднаш го прифативме. Сепак, бараме да го видиме документот по кој англиската федерација се одлучи на одложување. Сакаме да бидеме сигурни дека донесена е правила одлука, – се вели во соопштението од Евертон.
Пред почетокот на сезоната, од Премиер лигата нагласија дека натпреварите нема да се играат ако клубот пријави 14 заразени фудбалери од ковид -19. Првиот преседан во Англија е направен кога Премиер лигата му излезе во пресрет на Њукасл кој пријави пет заразени и го одложи мечот со Астон Вила.
Возбудувањата во Премиер лигата продолжуваат вечерва. Натпреварите на програмата се од 19 часот.
OhridNews