Англискиот премиерлигаш Евертон одигра клучна улога во денешните трансфери кои се за одбележување во фудбалска Европа. Во еден „карамелите“ успеаја да продадат фудбалер во Пари Сент Жермен и да доведат засилување од Јувентус.
Евертон во ПСЖ за 34 милиони го пушти Идрис „Гана“ Геј. „Сините“ парите од овој трансфер ги искористија за доведување на Мојс Кин од Јувентус. Младиот италијански репрезентативец утре (среда) треба да ги помине лекарските прегледи и да го официјализира трансфер во Премиер лигата.
Клубот од Ливерпул е еден од најактивните во летниот трансфер преоден рок и јасно стави до знаење дека ќе атакува на високите места на табелата. Евертон важи за клуб со традиција а сите се подготвени за едно скалико погоре односно борба за ТОП 4 и елитен фудбал на Гудисон Парк.
До крајот на преодниот рок во англискиот фудбал остануваа уште недела дена.
OhridNews