Евертон поднесе жалба до Премиер лигата поради судиски грешки. Скај Спортс пренесува дека клубот е крајно револтиран од грешките на судиите на последните натпревари на „карамелите“ и побарал барем извинување до тимот и Френк Лампард.

За потсетување, на мечот на Евертон против Манчестер сити (0:1) одигран во саботата, судиите не досудија пенал за „граѓаните“ откако Родри играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

По 24 одиграни натпревари Евертон има 22 бода е се наоѓа на 17. место, веднаш над зоната на испаѓање.

OhridNews