Италијанскит фудбалски стручњак Карло Анчелоти е нов предводник на Евертон. Клубот од Гудисон Парк, денеска, го потврди ангажманот на искусниот стратег, кој потпиша 4,5 годишен договор.
Анчелоти во својот стручен штаб ќе го задржи Данкан Фергусон, кој иминативе две-три недели ја предводеше екипата.
Разговарав неколку денови со сопствениците и луѓето во клубот. Тие имаат јасна визија за правецот на клубот, што мене ми се допадна и затоа прифатив да бидам дел од екипата. Сакам сите заедно да ги оствариме плановите и навивачите да ги направиме многу среќни. – стои во изјавата од Анчелоти.
Трократниот шампион на Европа ќе има задача да го консолидира тимот оваа сезона и следната со соодветни засилувања да атакува на пласман во ТОП 4 на табелата во англиската Премиер лига. Италијанецот нема да има проблем со адаптација бидејќи беше дел од Челси со кој освои титула во Премиер лигата.
OhridNews