Шампионските амбиции на Манчестер Јунајтед претрпеа нов удар, откако Евертон со гол во судиското продолжение обезбеди реми (3-3) и освои бод на „Олд Трафорд.“

„Црвените ѓаволи“ се имаа во свои раце и ремито на крајот е рамно пораз. Манчестер Јунајтед одигра фантастично прво полувреме во кое постигна два погодоци и го надигра противникот. Гостите од Ливерпул предноста на домаќините ја стопија со два погодоци на стартот од вториот дел. Сепак, избраниците на Оле гунар Солскјер ја вратија предноста и поведоа со 3-2, но ја прокоцкаа со погодок кој го примија во судиското продолжение.

Ремито на „Олд Трафорд“ сигурно ќе биде убава информација за лидерот на табелата Манчестер Сити, кој утре без поголем резултатски притисок ќе се судри со Ливерпул на „Енфилд“.

Резултати:

Астон Вила – Арсенал 1-0

Барнли – Брајтон 1-1

Њукасл – Саутемптон 3-2

Мен Ју – Евертон 3-3

Фулам – Вест Хем 0-0

OhridNews