Охриѓани и гостите вечерва на плажата „Потпеш“ ќе имаат убава можност да уживаат во звуците на македонската народна музика, во изведба на еден од најдобрите фолк вокали кај нас, Миле Кузманоски. Во неповторливиот амбиент на Канео, тој ќе ги отпее најубавите народи песни.
Евергрин вечерта со Миле Кузманоски на плажата „Потпеш“ започнува во 21 часот. Повеќе информации за овој и другите забавни настани може да најдете во рубриката „Што, Кога, Каде“ на најпосетуваниот интернет портал.
OhridNews